вторник, 16 април 2024

Отворен повикот „Интегрирано управување со шумите долж реката Дрим“

Во рамките на проектот „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“, ЦНВП Скопје, објави повик за доделување грантови за квалификувани микро, мали и средни претпријатија, земјоделци и индивидуалци со туристички капацитети во Дебар и Струга чија мисија и стратегија се фокусирани на генерирање приход.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Целта на проектот, според јавниот повик, е да придонесе за ублажување на климатските промени и одржлив развој за локалните заедници преку поттикнување на различни пристапи за интегрирано управување со шумите и подобрување на условите за живеење на руралните заедници долж реката Дрим во регионот на Скадар, Призрен, Струга и Никшиќ.

Активностите, како што стои во повикот, вклучуваат учество на граѓаните во напорите за зачувување на природата, зајакнување на локалните заедници и поттикнување одржливо користење на природните ресурси.

„Заинтересираните апликанти треба да ги достават своите предлози за грант во електронска верзија на следната е-пошта: [email protected], најдоцна до 10 мај годинава, а на 29 мај ќе се одржат инфосесии во двата града, Струга и во Дебар“, информира ЦНВП Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ