Стоилковски: Легализиран објект за марихуана, а не бил ни изграден
„Драган Ѓоргиев, поранешен пратеник од времето на Зоран Заев и Атанас Јанушев негов ортак, кои преку фирмата „Канабис про“ се помеѓу првите 10 фирми кои добиле лиценца за марихуана од Зоран Заев, изградиле фабрика, објект за кој постојат основани сомневања дека е изграден спротивно на закон, [1] а при што е оштетен и буџетот на Република Македонија.
Ѓоиргиев и Јанушев легализираат објект кој во моментот кога го пријавиле како изграден, а не постоел. Тие двајца во февруари 2018 година преку геодетско друштво од Битола почнуваат со изработка на геодетски елаборат за објект што во тоа време не постои, а за кој имале архивски број од општината во Босилово со барање за легализација уште во 2016 година. На 16 април 2018 година, неполни два месеци по купување на празната нива, двајцата членови на мафијата блиски до Заев, Драган Ѓоргиев и Атанас Јанушев регистрираат фирма за бизнис со марихуана „Канабис про“. Следува за еден месец по отварањето на фирмата, на 15 мај геодетскиот елаборат да е завршен, на 31 мај решението за легализација минува на општински совет, на 1 јуни градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков потпишува, а нарко бизнисот на мафијата добива легален објект.
Јавното обвинителство мора да отвори случај против геодетското друштво кое го изготвило елаборатот за објектот кој во тоа време не постоел. Но и за Ѓоргиев и Јанушев како сопственици на овој објект. Дополнително истрагата мора да се прошири и кон градоначалникот и одговорните лица во општина Босилово, како и кон советниците и урбанистичкиот сектор, за кои постои сомневање дека воделе двојно книговодство и во 2016 година во архивската книга на општината оставале празни бројчиња и празни места.
Ѓоргиев и Јанушев го изиграле и законот за земјоделско земјиште и законот за легализација на дивоградби. Оштетен е буџетот на Македонија и општината Босилово.
Ова е злосторничко здружување. Кое на крај е наградено со лиценца за производство на марихуана. Бараме Јавното обвинителство наместо да се занимава со политички притисок врз опозицијата да почне да работи согласно закон и да ја расветли оваа шема на злосторничко здружување. Или мафијата или Македонија“, изјави Стоилковски.