Средба Заев - Ескобар: Суштинско интензивирање на регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан
Премиерот Заев на средбата го запозна гостинот со актуелната политичка состојба во земјата при што нагласи дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Македонија во НАТО, за забрзување на интеграцијата во ЕУ, за справувањето со пандемијата, за економскиот раст, и особено за актуелното прашање за соодветен и ефикасен одговор на енергетската криза.
Ескобар, кој на средбата беше придружуван од амбасадорката Кејт Мари Брнз, ја истакна целосната поддршка на САД за изнаоѓање на заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу Македонија и Бугарија заради фактот што „иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој“, соопшти владината служба за информирање.