Спасовски нема коментар за викенд-карантинот, Владата ќе одлучува во 17 часот
„Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе“, рече Спасовски.
Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата ги носи мерките без притисок.
„Од државата нема посилен никој, ни политичари, ни функционери, ни верски лидери, ни некоја институција. Државата ги носи одлуките и управува со системот. Ако му паднало на памет дека ќе врши притисок, треба да знае дека нема никако подлегнување на притисок. Мерките се во интерес на државата и на граѓаните“, рече Спасовски.