Снопче: Државниот завод за статистика ќе треба многу нешта да појасни
Според Државниот завод за статистика на крај на 2020 година во Македонија живееле 2.068.808 жители. На 30 септемви ДЗС објави дека пописот е завршен и во земјата се попишани 1.832.696 резидентни граѓани, а и 204.805 нерезидентни или вкупно 2.037.501, само 14.954 жители повеќе од пописот во 2002 година. Или 31.307 помалку од тоа што кажуваше ДЗС за статистиката на крајот на минатата година.
Попишани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови, или имаме 269.080 повеќе станови од домаќинства. Тоа значи дека 41,09 % на семејствата на нашата земја поседуваат повеќе од еден стан.
„Од попишаното население во странство остануваат неразјаснети некои прашања. Директорот на заводот Апостол Симовски на 5 јули изјави дека според податокот од германскиот статистички завод до крајот на 2020 година ‘во Германија имаме 128.000 македонски државјани кои престојуваат таму, со одобрение за престој. Тоа е огромна бројка. Не знаеме колкав е бројот на наши лица кои потекнуваат од Македонија, а имаат германско државјанство, бидејќи Германците не дозволуваат двојно државјанство, но исто така немаме податок колку наши државјани отишле таму со бугарски пасош, бидејќи ги сметаат како бугарски државјани’. Со оглед на фактот дека во Германија се попишани само 46.590 граѓани јавноста би требало да се информира на што се должи нискиот процент на попишани во оваа земја, но и во други земји како што е на пример Хрватска каде ни се појавуваа бројката од само 1.682 попишани граѓани. Со подетална анализа се доаѓа и до други нелогичности кои ние не сакаме да ги толкуваме. Затоа, потребно е Заводот преку соопштение да објасни одредени околности кои влијаеле во добивањето на овие податоци“, изјави Снипче и најави дека коалицијата Алијанса за Албанците и Актернатива по завршување на локалните избори ќе ја објават нивната анализа за демографските движења во земјата.
Снопче изјави дека нивната коалиција се сомнева во безбедноста на софтверот и апликацијата со која се спроведе пописот, во евиденцијата од старите катастрални мапи па се направени многу пропусти, голем е бројот на непопишани жители и домаќинства и станови, имаше мал број попишувачи, не се донесе одлука за дополнителни денови за попишување, поради техничките проблеми со апликацијата целокупнуот процес со пописот се одвиваше поспоро од планираното, хакерски напади...