Шекеринска: Секогаш ќе стоиме зад универзалните вредности
„Ова историско достигнување е резултат на тешки одлуки и години посветеност и реформи кои би биле невозможни без целосната поддршка од нашите граѓани. Ви благодарам на сите вас кои ја поддржавте Северна Македонија во овој процес и не дозволивте да ја изгубиме вербата до конечниот исход“, истакна Шекеринска во поздравното обраќање.
Шекеринска, како што соопштија од Министерството за одбрана, рече дека оваа генерација се избори да ја постави нашата земја на картата на демократските и напредни земји и дека битката за зачленувањето во Алијансата, која започна пред 27 години, ги обедини сите граѓани.
Министерката во поздравното обраќање увери дека секогаш ќе стои зад универзалните вредности заедно со Република Северна Македонија.