Села: Рацете подалеку од семејствата на жртвите и од лекарите
„Младиот Ибин Емшиу [1] кој во пожарот ги изгуби таткото и братот, пријавил дека му се закануваат да не прозбори и да ја каже вистината околу условите и пожарот во модуларната болница во Тетово. Од друга страна неколку лекари пријавиле дека се врши притисок над нив да потпишат петиција во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово, во ист стил како и обидот на директорите на клиниките во Скопје за спасување на Филипче.
Ве повикувам итно да престанете со таквите притисоци, оставете ги истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање. Почитувајте ги жртвите и нивните семејства, како и медицинскиот персонал што веќе сте го оставиле да работи во тешки-мизерни услови.
Ве уверувам дека, денес или утре, одговорните за палењето на 14 души, како и тие кои ја попречуваат истрагата, закануваат и уценуваат, ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, вели во писмената изјава Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.