СДСМ: Во белиот дворец се уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара ново алиби
„Согласно резултатите од претходните парламентарни избори, најголемите две владејачки и опозициски партии беа СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Токму согласно таа распределба е распределена и Државната изборна комисија. Дали според ВМРО-ДПМНЕ и ДИК е незаконска?
Парламентарните избори одржани на 15 јули беа фер, слободни и демократски, граѓаните јасно ја изразија својата волја и потврдија дека државата треба да продолжи на правиот пат.
СДСМ ја донесе слободата, ги ослободи граѓаните, компаниите, институциите, медиумите од стегите на режимот, криминалното и коруптивно однесување на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.