МКД.мк

СДСМ: Рекордни инвестиции, нови работни места, поголеми плати во последниве две години

Напредокот на земјава во последните 2 години, по децениското уназадување, и успехот во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО позитивно влијае и врз економијата, велат од СДСМ

„Тоа го потврдува и рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра. Паралелно со растот на странските инвестиции расте индустриското производство и извозот, растат платите.Извозот од индустриските зони во 2018 порасна за 20 отсто и инзесува 2,4 милијарди евра. Реалните економски политики придонесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.Инвестициите обезбедуваат нови и подобро платени работни места. Во 2018 година забележен е пад на стапката на невработеност на 19,4 отсто, додека платите растат во сите сектори“, истакнуваат од СДСМ.

Според нив членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните.

 

 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/sdsm-rekordni-investicii-novi-rabotni-mesta-pogolemi-plati-vo-poslednive-dve