МКД.мк

Претседателката Османи прогласи ден на жалост во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да го прогласи за ден на жалост во знак на почит кон граѓаните на Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.

Косовскиот државен врв изрази сочувство до највисоките македонски претставници и до семејствата на загинатите.

Во тешка сообраќајна несреќа кај селото Боснек, југозападно од Софија загинаа 45 лица, меѓу кои 12 деца.

Седум патници од автобусот се повредени и пренесени во болница во Софија и тие не се во животна опасност.

 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/pretsedatelkata-osmani-proglasi-den-na-zhalost-vo-kosovo