четврток, 18 април 2024

Тајмс оф Израел: Америка прифаќа операција на Израел во Рафа доколку Израел не го нападне Иран

Соединетите Американски Држави го прифатија планот на Израел за копнена операција во градот Рафа во јужниот дел на Газа, во замена за неизвршување на голем напад врз Иран, како одговор на невидениот напад од Техеран, изјавија египетските власти за катарски медиум, пишува Тајмс оф Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада во врска со воената операција во Рафа, во замена за неизвршување голем напад врз Иран“, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум Ал Араби ал Џадид.

Египетските власти изјавија за медиумот дека во тек се подготовки за да може Египет да се справи со можните последици од планираната операција.

Се верува дека четири баталјони на Хамас се стационирани во Рафа заедно со повеќе од еден милион цивили кои се засолниле таму откако избегале од борбите во другите делови на Појасот Газа. Се смета дека Рафа е местото каде што се кријат лидерите на Хамас, а најверојатно и израелските заложници.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху неколку пати тврдеше дека одобрил планови за операција во Рафа, а неодамна изјави дека е одлучен датумот за почеток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ