Петровска: Арсовска има и бугарска лична карта, не само пасош
„Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Госпоѓо Арсовска со каква намера и цел ја подигнавте бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта. Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема. Ништо не може да го сокрие фактот дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет“, изјави денеска Петровска.