Пендаровски за 9 мај: Ден кога се потсетуваме дека сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата
„Денот на победата над фашизмот е оддавање почит на милионите животи згаснати во борбата против окупаторот, ден кога со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата.
Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа.
Победата над фашизмот е и победа за Европа“, вели Пендаровски.