Пендаровски во официјална посета на Германија
Претседателот Пендаровски ќе остварел одвоени билатерални средби со претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.
За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин, додаваат од кабинетот на Пендаровски.