Пендаровски: Салвини за мене не е фашист, туку демократски избран политичар
„Должност ми е да се произнесам во врска со искажаните ставови. За мене Салвини не е фашист, туку демократски избран министер во демократска Република Италија која е наш голем пријател во нашите евроатлански аспирации“, рече Пендаровски.
Тој негираше дека професорката Ана Чупеска-Станишкоска [1] од Правниот факултет во Скопје е негова советничка или ангажирана во претседателскиот кабинет, на новинарско прашање дали ќе следи извинување до Италија откако таа коментираше дека вицепремиерот на Италија, Матео Салвини и (екс-премиерот) Берлсускони се клепто-фашисти кои водат специјална војна кон Македонија претставува дипломатски скандал, а веста ја објави пратеникот Антонијо Милошоски.
„Знаеме кој е изворот на таа вест и тој апсолутно знае дека Чупеска нема никаква врска со кабинетот, но тој има таква агенда да шири лажни вести”, рече Пендаровски.