МКД.мк

Пендаровски го чека предлогот од Собранието за вонредна состојба

Претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека имал информација оти предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието.

„Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста“, најави Пендаровски.

Според информациите од Собранието, таму уште не е стигнат предлогот од Владата. 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/pendarovski-go-cheka-predlogot-od-sobranieto-za-vonredna-sostojba