„Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид“, изјави Османи.

Тој додаде дека ДУИ како партија била предлагач на законот за спречување на дивоградбите.

„ДУИ нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот. И во делот на дивоградбите пораката е да се почне со неселективно рушење на сите дивоградби, не само во Охрид, туку низ целата држава“, рече Османи.