O2 иницијатива: Рудникот Иловица три години нема концесија, кој и зошто купува време и за кого?
Активистите на ова здружение потсетуваат дека таква одлука беше донесена и во јануари годинава, и во април лани.
„Единствено различно е што овој пат стои доколку условите не се исполнети, да се одбие барањето за дозвола. Ако сега условите не се исполнети, не биле ни во јануари, ни лани во април и дозвола не се издала. Три години концесијата е истечена. Услови нема исполнето, ама не се одбило барањето за дозвола две години по ред. Зошто?
Владината одлука од април, 2018
Министерот за економија е должен со решение да го одбие барањето ако не ја содржи потребната документација. Досега министерот не го одбил со решение барањето за дозвола. Зошто? Кој купува време и за кого? До кога игри без граници?
Јануари, 2019
Ќе мора да почнете да си одговарате за вакво непостапување и неносење на решение со кое се ОДБИВА барањето за издавање на дозвола. Рудник во Иловица НЕМА да има, ама одговорност МОРА ДА ИМА“, се вели во реакцијата на О2 иницијативара по вчерашната одлука на Владата. [1]
Вчерашната владина одлука, јуни 2019