МКД.мк

Игор Ивановски: Кој нареди да се спречи протестот на новинарите?

 Опозицијата бара Постојаната анкетна комисија за човекови права да расправа за настаните околу вчерашниот протест на новинарите [1].

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, побара од претседателот на парламентот Трајко Вељаноски да се разговара за, како што рече, партиско-полициските методи што вчера беа применети за да се спречи новинарскиот протест, и да се направи проверка кој од МВР дал налог за тоа. Според Вељаноски, за закажувањето седница на Постојаната анкетна комисија е надлежен претседателот Беким Фазлиу.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/politika/igor-ivanovski-koj-naredi-da-se-sprechi-protestot-na-novinarite

Links
[1] https://www.mkd.mk/makedonija/politika/so-palenje-svekji-deneska-beshe-pogrebena-slobodata-na-zborot-fotogalerija#1