Груевски: Изјавата на Протоѓер за земјиштето на Водно е дел од притисокот врз него
„Протоѓер кажал дека понекогаш покрај политичките разговори сме разговарале и приватни работи. Всушност денес тој цело време говорел за наводни приватни разговори меѓу нас двајцата без присуство на трети лица, па на крајот и самиот на прашање на еден од адвокатите потврдил дека за тоа што го кажал нема никаков доказ. Оној дел од неговата изјава каде говори дека во некој момент сум му спомнал дека сум земал земјиште на Водно од 10 илјади метри квадратни не само што е неточна, туку ценам дека е дел од притисокот и уцената кој врз него систематски се прави од страна на партиски контролираното обвинителство. За волjа на вистината тој веднаш се коригирал на некој начин и тоа со три интервенции“, напиша Груевски.