Емилија Трајковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на местото на Невенка Стаменковска Стојковски
Државната изборна комисија (ДИК) добила согласност од Трајковска, по што изготвила Ивештај кој денеска ќе биде испратен до Собранието.
Потоа во редовна и предвидена постапка, како што информираше денеска претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, за нејзиниот мандат треба да се изјасни собраниската Комисија за политички систем и да биде верификуван на пленарна седница, по што од Државната изборна комисија ќе добие и решение.
Според Дерковски, Трајковска ќе ја извршува пратеничката функција до истекот на мандатот на овој пратенички состав на 11 февруари, кога Собранието ќе биде распуштено поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.