Демократски сојуз е против договореното меѓу Заев и Гаши за меѓународна истрага за Диво Насеље, Монструм...
Вечерва се одржа и состанокот на коалициските партнери на СДСМ за постигнатиот договор со новиот владин коалициски партнер Алтернатива.
„На пример случајот Диво Насеље е калсичен терористички акт во кој осумина припадници на полицијата го загубија животот, случај кога беше загрозен територијалниот интегритет на нашата држава и за тоа не може да се бара помош од странство. И случајот Монструм имавме повторено судење, два пати се судеше, Врховниот суд го прифати тоа барање, но и по втората постапка се дојде до истиот резултат дека веќе осудените лица се учесници во убиството. Ова не може да биде предмет на политички договор, на коалициски договор. Со политички договор се бара некаква амнестија за тешки злосторства и за тоа не може да има некаков компромис“, изјави Трајанов.