Бугарија од утре ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани
Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона, пишува Османи.
Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.