четврток, 18 април 2024

Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг

Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје, по претрпени физички напади во текот на вчерашниот ден.

Објавено на

часот

Сподели

Триесет и тригодишна жена од Скопје вчера во 19 часот пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Полициското одделение Петровец вчера во 13.20 часот, го привеле Т.М.(34) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга.

По целосно расчистување и документирање на случаиоте ќе следува соодветен поднесок.

Според денешниот Билтен на МВР, поднесени се и три кривични пријави по документирање на три случаи на семејно насилство случени во текот на месецов.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против С.Б.(43) од Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство.

„На 1 април 2024 година, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 38 – годишна сопруга и ѝ нанел повреди“, информираше МВР.

А, надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против А.С.(39) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда во врска со семејно насилство.

„На 9 април 2024 година во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал својот татко М.С. и му нанел повреди“, соопштија од МВР.

ОВР Дебар пак, поднело кривична пријава против В.К.(24) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. На 11 април 2024 година во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата мајка и неговата малолетната сестра, наведуваат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ