Тројцата пациенти со трансплантиран бубрег во добра здравствена состојба, веќе не одат на дијализа
„Многу сме горди на тимот од клиниките на нефрологија и урологија кои го даваат својот максимум за третман на овие пациенти. Голема благодарност до д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и проф. Гоце Спасовски за неуморната работа и грижата која секојдневно им ја даваат на нашите пациенти. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на секој пациент, затоа што нема ништо повредно од спасен човечки живот“, наведува Министерството за здравство.