Стипендии за студии и истражувања во Словенија
Дваесет и четири месечни стипендии се за студиско усовршување на високообразовните институции во таа земја, со поединечно времетраење од три до шест месеци, за кандидати до 26-годишна возраст.
Три стипендии се едносеместрални, секоја по четири месеци, за студенти по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, и две стипендии се за посета на двонеделниот летен курс по словенечки јазик и се наменети, исто така, за студенти по словенечки јазик на УКИМ.
Повеќе информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на интернет-страницата https://studyinslovenia.si/news/bilateral-scholarships-2021-22/ [1], а апликацијата е достапна во електронска форма на: https://studyinslovenia.si/study/exchange-programmes/ [2]
До 1 март 2021 е рокот за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје) кое во известувањето [3] на својата веб-страница наведува и контакти за дополнителни информации.