МКД.мк

Под илјада лица се вакцинирале со прва доза во рок од два дена

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина. Над 30 илјади лица досега примиле трета засилувачка доза вакцина. Само 35 отсто од вкупното население примило две дози вакцина.

„Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, велат од Министерството за здравство.


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/pod-iljada-lica-se-vakcinirale-so-prva-doza-vo-rok-od-dva-dena