Несериозно е среде пандемија да се менува Филипче и да се стави човек кој треба да се снајде, вели Пановски
„За мене човекот е непознат. Не знам дали има искуство во јавното здравство. Доаѓа во ек на пандемија и е несериозно да се стави човек кој треба да се снајде, многу е важно каков тим ќе има меѓутоа без разлика што сум критикувал и ќе критикувам оваа промена не требаше сега да се направи. Башка не е доктор тој е стоматолог, не знам зашто мораше тука да се направи промената“, вели Пановски во неговото гостување на Утринска на Телма.
Доктор Пановски додава дека младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните.
Пановски истакна дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавно здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот.