Министерството за здравство отвори комисии за туѓа нега во Прилеп и Гевгелија
Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат.
Изминатиов период Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.
Со новите Комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните, соопшти Министерството за здравство.