Тоа сè уште не значи целосно враќање на службените должности, но палатата испраќа позитивни сигнали, пишува Би-би-си.
Чарлс во вторник ќе замине во симболична посета на Центарот за лекување рак. Ќе се сретне со персоналот и пациентите и ќе изрази поддршка на истражувањата за лекување рак.
Во јуни, пак, ќе им биде домаќин на јапонските цар и царица.
„Прерано е да се каже колку ќе трае неговото лекување“, соопштиле извори од кралската палата за Би-би-си.
Не се знае од кој вид на рак боледува Чарлс, но неговиот тим е задоволен од неговиот напредок.
Веста за враќањето на кралот на службените должности ја сподели и британскиот премиер Риши Сунак на социјалните мрежи: „Одлични вести за крајот на неделата!“