Филипче понуди оставка до Заев поради трагедијата во Тетово: Како лекар и министер имам интегритет
„Пред година и пол го регистриравме првиот ковид-случај и од тој ден секој ден пред граѓаните стоев отворено и транспарентно, соопштувајќи ги сите и добри и лоши вести. Никогаш не бегав од критика и не останав должен одговор. Сите одлуки кои ги носев беа да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди и жалам за загинатите, сочувствувам со семејствата. Нема зборови што тоа може да го опишат, ниту начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет, од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев. Се заблагодарувам на сите кои веруваа и ме подржуваа во работата, како и на медиумите за нивната транспарентност и посветеност", рече Филипче.