Изминатата недела 207 заболени од грип
Најголем број случаи – 140 се пријавени во возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 16,4 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.
Најголем број случаи (71) и највисока инциденца (75 на 100.000 жители) се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица.
Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.035.