Инцидентот би можел да создаде нов раздор меѓу нациите кои се обидуваат да ги обноват врските од 2020 година, кога Канбера повика на независна истрага на ковид-19, а Пекинг одговори со трговски забрани.
Австралискиот министер за одбрана Ричар Марлес кажа дека авион на кинеската авијација Ј-10 испукал сигнални ракети над и неколку стотици метри пред австралиски хеликоптер МХ60Р „сихок“ на рутински лет во саботата.
⚠️ China's fighter jet dropping flares near an Australian helicopter is condemned as unsafe and unprofessional by Australia
The incident in international waters raises concerns over Chinese military tactics, with similar incidents involving other nations pic.twitter.com/GsM956o6UR
— Marcos Oliveira 📸🗞️ (@AeroMarcos320) May 6, 2024
Во инцидентот, кој се случил за време на операција на контрола на спроведувањето на санкциите против Северна Кореја, никој не бил повреден.
Премиерот Ентони Албанез кажа дека е „неприфатливо“ австралиски воен персонал да биде изложен на ризик во меѓународен воздушен простор.
Вчера портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи кажа дека австралискиот хеликоптер намерно летал во близина на кинескиот воздушен простор во „провокативен маневар“ кој ја загрозил поморската воздушна безбедност.
„Австралискиот воен хеликоптер леташе блиску до кинескиот воздушен простор на заканувачки начин“, кажа портпаролот Лин Џијан на редовен брифинг за новинарите.
„Кинеската војска презема мерки на лице место за да ја предупреди австралиската страна“, додаде тој истакнувајќи дека ситуацијата била решена на начин во согласност со правилата и законите, односно професионално и безбедно.
„Кина вложи сериозни протести до австралиската страна поради нејзините ризични потези. Ја повикуваме австралиската страна да ги прекине провокациите за да спречи недоразбирање и погрешна проценка“, додаде тој.