Далеку сме од колективен имунитет - две третини од населението не се вакцинирани
„Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани. 57% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицираните вакцини, 39% од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 38% од популацијата во државата примиле две дози вакцина“, соопшти Министерството за здравство.