МКД.мк

Царовска: Работиме образованието да биде достапно за секое дете

Министерството за образование и наука се ангажира на создавање на поквалитетно и достапно образование за секое дете, порача министерката Мила Царовска во обраќање по повод Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.

„Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел – да обезбедиме образование кое ќе им овозможи на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој. Во таа насока се и реформите кои подразбираат подобрување на условите за настава во училиштата, но и нови наставни програми, засновани на развој на критичко размислување и на вредности, како што почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и еднаквост“, рече Царовска.

 


Извор: https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/carovska-rabotime-obrazovanieto-da-bide-dostapno-za-sekoe-dete