342 новозаразени, 7 починати лица од ковид-19
Во Скопје се регистрирани 135 новозаразени, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Од бројот на починати, три лица се од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.