Унит линк на Стопанска банка – животно осигурување со инвестициска компонентна
Унит линк животното осигурување со инвестициска компонента е во континуиран подем во сите земји во Европа и веруваме дека во соработка со УНИКА лајф, како претставник на водечката австриска осигурителна компанија УНИКА, ја имаме најдобрата понуда на пазарот преку која клиентите добиваат животно осигурување во комбинација со можност за остварување на значаен принос на вложените средства.
Унит линк животното осигурување е достапно за сите клиенти, при што минималниот период на осигурувања со воложување на удели во инвестициски фондови изнесува 5 години, а минималната годишна премија изнесува 360 ЕУР во денарска противредност.
За олеснето сервисирање на премијата за осигурување, Стопанска банка на клиентите им овозможува бесплатен годишен или месечен траен налог, а клиентите имаат можност за избор на висината на инвестициската компонента и добиваат годишен извештај за состојбата на нивните вложувања во инвестицискиот фонд. Наскоро клиентите ќе имаат и можност за постојан увид во нивното инвестициско портфолио.
Комбинирајќи го акумулираното знаење на водечката австриска осигурителна компанија УНИКА, италијанското инвестициско искуство на GENERALI инвестицискиот фонд и австриската прудентна и високоприносна стратегија на WVP инвестицискиот фонд, на клиентите им ја овозможуваме најдобрата Унит линк понуда на пазарот.
До 3 декември понудата на Унит линк ќе биде достапна ексклузивно во ново отворениот и-банк корнер Ист гејт мол во Скопје, а почнувајќи од следната недела понудата на Унит линк ќе биде активна во сите филијали на Стопанска банка.
Со понудата на Унит линк животното осигурување со инвестициска компонента, Стопанска банка го одбележува ноември, месецот на осигурување со заокружување на најшироката пазарна понуда на банкоосигурување. Согласно објавените национални податоци од АСО за третиот квартал од 2021 година Стопанска банка е убедлив лидер во делот на банкоосигурување, со водечка позиција на пазарот како по број на осигурителни полиси така и во бруто осигурителна премија и во животното и во неживотното осигурување.
Комерцијален текст