НЛБ банка со промотивна кампања за Виса бизнис картички за правни лица
Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Виса бизнис картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки корисници кои ќе направат најмалку 15 или повеќе трансакции во промотивниот период ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година. Дополнително за овие корисници следува и подарок - изненадување од банката.
НЛБ Виса бизнис картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство, подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.