Лакалут натпревар: Разоткриј ги „чудовиштата на твојот заб“ и освој годишна залиха
Во склоп на кампањата, Натусана организира и голем награден натпревар на kids.lacalut.mk [1] во кој ќе можат да земат учество семејства со дечиња над четири годишна возраст, кои ќе го купат специјалното пакување од детските пасти за возраст од 4-8 и 8+ со гратис раствор за отстранување на плакот.
Малите невидливи „чудовишта“ (производ на храната и пијалаците што се консумираат секојдневно) се присутни на површината на забите и многу често се случува поради неправилна техника на четкање, овие остатоци да формираат плак што останува на забите и може да предизвика кариес. Специјалните нови пакувања од детската линија Лакалут, наменети за возраст од 4-8 и 8+ кои во себе вклучуваат гратис раствор за детектирање на плакот, ќе им помогнат на родителите и дечињата лесно да го детектираат плакот, а со тоа да се погрижат најмалите членови во семејството да практикуваат темелна орална хигиена. Сите информации потребни за правилна темелна хигиена и отстранување на плакот, на родителите им се достапни на kids.lacalut.mk [2].