И денеска без патнички и товарни возови во земјава
Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, за МИА изјавил дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Според него, имало најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нивната одлука.
Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата, а претходно поради истата причина бојкот имаше и во август лани.