Цертиадриа – наше, а светско
Токму во полето на дигитализацијата и едукацијата, тимот на Цертиадриа (Certiadria) ја согледа својата бизнис идеја - компанија која е посветена на обезбедување образовни и сертификациски услуги во нашата држава, но и пошироко во Јадранскиот регион. Тие се дел од Certiport глобалната мрежа за акредитирани компании кои вршат обуки и издаваат сертификати за познатите програми и брендови како оние на Adobe, Autodesk, Microsoft и многу други.
На што се должи успехот на Цертиадриа?
„Нашите почетоци датираат од 2011 година кога го потпишавме партнерството со Certiport и Pearson VUE Business и можеме да кажеме дека сме целосно задоволни од постигнатото“, истакнува Марко Серафимовски, оперативниот директор на Цертиадриа.
„Сепак нашата визија за раст и развој, требаше да биде поткрепена и со финансиска поддршка и консултантски услуги за напредок и успешно менаџирање на деловните процеси. Како мала, но динамична компанија ни одговараше соработката со Микро Инвестицискиот Фонд (МИФ) со кој управува друштвото SPMG Capital [1]. Со инвестицијата на МИФ во 2014 година, го зголемивме присуството на пазарите и надвор од Јадранскиот регион. Веќе во 2016 година станавме авторизиран партнер за едукација (AЕП) на Microsoft и обезбедивме официјални едукативни материјали и решенија од Microsoft за академските институции ширум Јадранскиот регион. Наредната 2017 година потпишавме договор за соработка со ISQI (International Software Quality Institute) и право да ги нудиме нивните официјални испити во 12 земји – Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија, Малта и Романија. Истата година, остваривме и соработка со ИАПП (International Association of Privacy Professionals) и станавме Официјален Тренинг Партнер за GDPR обуки во целиот свет.“
Она по што Цертиадриа е посебна е понудата на сертифицирани обуки кои се признати на глобално ниво и со кои им овозможувате на компаниите и образовните институции да создадат врвни кадри и професионалци во дигиталниот свет.
Како ја гледате иднината на Цериадриа?
„Една од нашите цели е градење на силни врски со академскиот и индустрискиот свет, при што вработените и студентите/учениците стекнуваат компјутерски и интернет вештини кои ќе бидат потврдени и ќе бидат основа за да продолжат со понапредни обуки и сертификации. Имаме воспоставено соработка со 70 универзитети и средни училишта, 30 компании за обуки и 4 иновативни центри. И во иднина ќе продолжиме да обезбедуваме програми за врвна едукација во областа на IT технологиите и нивно интегрирање со потребите за развој на регионот.“
Образованието, покрај тоа што е благородна дејност, може да заклучиме дека и кај нас може да биде профитабилна и одржлива бизнис идеја, поткрепена секако со труд, знаење и поддршка од деловните и финансиските партнери и соработници. Дигитализацијата има неограничен простор за развој и имплементација на секое поле, а со тоа и можности знаењето и идеите во оваа сфера да ги претворите во капитал.