петок, 10 мај 2024

Салман Ружди смета дека италијанската премиерка е детинеста и треба да порасне

Британско-американскиот писател Салман Ружди ја повика крајно десничарската италијанска премиерка Џорџа Мелони да биде потолерантна кон критиките, велејќи дека треба да биде „помалку детинеста и да порасне“, пренесоа италијанските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Авторот со индиско потекло разговараше со новинарите на саемот на книгата во Торино, каде што денеска треба да се појави заедно со италијанскиот новинар Роберто Савијано.

Италијанскиот суд во октомври го осуди новинарот на парична казна од 1.000 евра поради критикување на односот на премиерката кон мигрантите.

„На моја одговорност морам да кажам дека политичарите треба да имаат подебела кожа, бидејќи еден политичар денес, освен што има голема моќ, има и голем авторитет. Затоа е нормално некои луѓе директно да зборуваат за нив, дури и лошо, користејќи лош збор како оној што го употреби Роберто“, вели познатиот писател.

„Би ја советувал госпоѓата (премиерката) да биде помалку детинеста и да порасне“, додаде Ружди.

Савијано ја нарече Мелони „копиле“ на националната телевизија во декември 2020 година, кога лидерката на екстремната десница сè уште беше во опозиција.

Ружди, роден во 1947 година, е познат по книгата „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година. Писателот беше принуден да се крие во ОК една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини една година подоцна издаде верски декрет (фатва) со кој им нареди на верниците да го убијат писателот за наводни навреди на исламот во романот. Во 2022 година, тој беше нападнат со нож и избоден додека беше на сцена во САД и помина шест месеци во болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ