Ревија на македонски филмови во киното Синеплекс
Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на киното Синеплекс и цената на билетот за секоја проекција ќе изнесува 100 денари.
Како дел од репертоарот, скопската публика ќе може повторно, или за прв пат, да ги види големите филмови како Прашина, Мајки, До балчак, Исцелител, Година на мајмунот, Трето полувреме и други. Целосната програма може да ја најдете од понеделник (10.9.) на веб-страницата на Синеплекс [1].