среда, 24 април 2024
Претседателски избори 2024

ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари. Прослава има и пред штабот на ДУИ во Мала Речица.

Објавено на

часот

Сподели

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување затоа што приврзаниците на ДУИ се на неколку метри пред штабот на коалицијата Вреди.

Пред штабот во Мала Речица членовите и симпатизерите на ДУИ слават со зурли и тапани. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи е во водство пред кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ