Фондација „Славко Јаневски“: Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари
Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи коишто благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com [1]
Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“ која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена по 22 пат.
„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници која оваа награда ја доби по вторпат, по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.