МКД.мк

Дебитантска книга „Лиричност од Шекспирова“ од Ѓоре Ѓелев

Дебитантската поетска книга на Ѓоре Ѓелев насловена „Лиричност од Шекспирова“ ја објави „Македоника литера“.

Книгата содржи над четириесет песни. Поезијата е лирска, емотивна, искрена, има песни што потсетуваат на најдобрата традиција во македонската лирика, но и песни со свеж, храбар и младешки израз и сензибилитет и авторска автентичност.

Ѓоре Ѓелев е роден во Велес. Тој е дипломиран инженер по системски софтвер и е вработен во индустријата за развој на софтвер. Живее во Скопје.


Извор: https://www.mkd.mk/kultura/knizhevnost/debitantska-kniga-lirichnost-od-shekspirova-od-gjore-gjelev