среда, 24 април 2024

Турција и земјите од Персискиот Залив го подготвуваат теренот за „Патот на развојот“

Турција, Ирак, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар потпишаа писмо со намера за воспоставување нов транспортен коридор што треба да го поврзе Персискиот залив со Медитеранот преку мрежа на патишта и железници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на четирите земји потпишаа писмо со намера во понеделникот за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Ирак, соопшти вчера кабинетот на ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани.

Катар и ОАЕ најверојатно финансиски ќе го поддржат проектот, чии трошоци се проценуваат на 20 милијарди долари.

„Патот на развојот“ треба да биде завршен во 2038 година, кога мрежата на патишта и железници ќе го поврзе новото пристаниште во ирачка Басра на Персискиот залив со турското пристаниште Мерсин на Средоземното Море.

Коридорот потоа треба да се протега до Истанбул и Европа. Турскиот претседател го нарече проектот „нов пат на свилата“.

Пристаништето Ал-Фау во Басра, долго повеќе од 14 километри, го гради јужнокорејска компанија и треба да им парира на најголемите на Блискиот Исток и да стане важен азиско-европски центар, се надева Багдад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ