МКД.мк

Жена заврши зад решетки во „Идризово“ за трговија со оружје

Вчера околу 15.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Јажинце при влез во државата ја привеле Р.С.(46), од тетовско Добарце. Таа се барала за издржување на тригодишна затворска казна за „неовластено изработување, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи", казниво по член 396 став 2 од Кривичниот законик.

Околу 23.30 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/zhena-zavrshi-zad-reshetki-vo-idrizovo-za-trgovija-so-oruzhje