МКД.мк

Возач тешко повреден откако со автомобил излетал од патот

Возач е тешко повреден во сообраќајка која се случила на локалниот пат Кавадарци - с.Ресава. Несреќата се случила откако тој изгубил контрола и излетал од коловозот. 

Вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци-с.Ресава, Н.П.(66) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „цитроен", со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на несреќата.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/vozach-teshko-povreden-otkako-so-avtomobil-izletal-od-patot-0