МКД.мк

Во Стар и Нов Дојран уапсени три лица, најдени дрога и пари

Вчера утрото во Стар и во Нов Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

МВР вели дека при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на општина Дојран.

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба" и „кражба", извршени на подрачје на општина Дојран.

Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-star-i-nov-dojran-uapseni-tri-lica-nadeni-droga-i-pari